Правила на испорака
Правилата на испорака на www.bellmondo.mk појаснуваат кои се условите и начинот на испорака на купените производи.
Испораката на сите производи се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Доколку службата за испорака не успее да го пронајде купувачот на наведената адреса за испорака, ќе остави писмено известување и ќе се обиде да воспостави контакт со купувачот користејќи ги податоците оставени од негова страна при правењето нарачка.
Сите производи се испорачуваат во определениот рок и услови кои ги одбрал купувачот при правењето нарачка. Производите се испорачуваат со испратница и фактура за извршеното плаќање.
Сите испораки се вршат само во градови и населени места во Р.Македонија. Нарачките пристигнуваат во рок од 2 до 3 дена, од моментот на потврдата на купопродажбата.
Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш.